Македонија
23. November 2020 - 16:37

За еден ден 1 тон кислород се троши во ГОБ 8ми Септември - Третина од пациентите на кислородна поддршка

Еден тон кислород дневно троши ГОБ 8ми септември за хоспитализираните со ковид 19 и оперираните пациенти од други заболувања.Од болницата велат дека најголем број од 109те позитивни на вирусот кои во моментот се на болничко лекување имаат потреба од кислородна поддршка.. Во болницата веќе не користат боци со кислород  туку имаат сопствен резервоар.

-Резервоарот е 20 тони, го полниме еднаш во месецот, имаат речиси 90 проценти од хоспитализираните птореба од кислород, вели Христијан Костов, директор на ГОБ 8ми септември.

Од 470 пациенти кои во моментот се лекуваат во ковид центрите во главниот град, над 60 проценти од нив се на кислородна поддршка. На Инфективна од 160 хоспитализирани, 130 имаат потреба од кислород а лекар одредува колкава количина добива секој еден болен.

Загрижувачки се бројките и од здравствените установи од внатрешноста. Штипската болница во октомври потрошила 14 тони кислород, што е многу повеќе од цела 2019 кога потрошувачката била 10 тони. Поради исполнетоста на капациентите со пациенти кои имаат влошена состојба од Ковид 19, директорот Георгијев вели дека се случува фирмата добавувач и по двапати дневно  да доаѓа и да носи боци со кислород.

-Имаме 55 на инфективното одделение, половина се на кислород. Со фирмата склучивме договор во јуни но предвидената количина за една година веќе ја потрошивме и сега ќе правиме нова нарачка, вели др. Ален Георѓијев, директор на Клиничка болница Штип.

И во охридската болница каде дури 40 од хоспитализираните се на кислородна поддршка, велат дека дневно трошат кислород како претходно за шест месеци.

Инаку поради Ковид 19 на болничко лекување во моментот има 1291 пациент и спорењд здравствнеите власти има околу 170 празни кревети во ковид центрите.