Бизнис
12. January 2018 - 16:44

За два дена неделава Владата се задолжи со над 570 милиони евра

За два дена неделава Владата се задолжи со над 570 милиони евра. Вчера беше издадена еврообврзницата во висина од 500 милиони евра,  во вторникот по основ на државни хартии од врендост запиша 73,7 милиони.  Тогаш владата се задолжи со повеќе државни хартии од врендост кои доспеваат во различен рок, за шест месеци, една, три 10 и 15 години. Објаснувањето е дека со овие пари ќе се враќа долгот кој доспеваше на 09 и 10 јануари во речиси ист износ како позјамените пари.

Вакво прецизно објаснување за намената за парите од еврообврзницата нема. Се наведува дека ќе се сервисираат бутеските потреби, дефицитот, старите долгови. Експертите регираат токму на ова.  Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк смета дека потегот со емитување еврообврзница е очекува, каматата е поволно, но остануваат отворени две прашања.

Прво, Владата не отвори јавна дебата пред финализирање на издавањето на еврообврзницата. Ваквата дебата, колку и да не влијае врз конечната одлука, е корисна како за информирање на општата јавност, така и за градење кредибилитет кај Министерството за финансии во контекст на почитување на намерата за целосна транспарентност, отчетност и вклучување на засегнатите страни во процесите на управување со јавните финансии.  Второ, Finance Think остро се спротивставува на понатамошното користење на флоскулата „средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби“. Разбирливо е дека во техничка смисла, овие средства ќе се слеат во буџетот и ќе се користат за намирување на обврските како што тие доаѓаат. Но, во концептуална смисла, граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари, и особено парите од високи задолжувања како ова“, посочуваат од таму.

Министерството за финансии синоќа соопшти дека е емитувана еврообврзница во висина од половина милијрда евра. Инаку, одлуката за задолжување била донесена на 28 12 на Владина седница со која претседавал прмеиерот Заев. Точката не беше спомената во соопштението по завршувањето на седницата, а на 03 јануари беше објавена во службен весник.

За годинава буџетот превидува задолжување од над 800 милиони евра. 500 се од еврообрвзницата, остатокот од дхв. Последен податок за висината на јавниот долг е за тртиот квартал од минатата година 45,8% од БДП. Според проекциите, годинава треба да стегине до 52,4%, а догодина да надниме 55% од БДП. Во Фискланата стратегија на МФ стои дека долгот не смее да биде повисок од 60% од БДП.

Со ваков долг Макеоднија е во груипата земји со умерено здолжување исто како во времето на претходната Владата. Но, тогаш СДСМ како опозиција бурно регираше на задолжувањата со образложение дека Владата ја воде земјата во грчко сценарио.