Македонија
10. October 2019 - 13:56

За девет месеци 2 421 казна за непрописно паркирање во Тетово

 Статистиката на тетовската полиција бележи казни за 437 неправилно паркирани возила само за септември, додека вкупно 2 421 возило во деветте месеци од 2019 година. Само во текот на вчерашниот ден поради паркирање на несоодветни места казни биле издадени за 23 возачи.

– Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуирани активности за поголем ред со паркирањето во Тетово. Повторно апелираме до возчите да не ги паркираат возилата непрописно, особено не на пешачки премини, во зеленило, во зони на крстосници, на тротоари или во таканаречни двојни редови. Ова, посебно се однесува на погрешно паркирање во близина на училишни и други јавни објекти, а поради секојдневно присутна зголемена фреквенција, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од јавното претријатие „Градски паркинг“ информираат дека во септември се евидентирани 212 случаи на возила подигнати од пајак службата врз основа на непрописно паркирање или неплатено зонско паркирање.