Македонија
21. November 2019 - 16:49

За четири месеци Боки 13 бил на 25 прегледи

Боки 13-ка уште на првиот ден од притворот бил прегледан и добил терапија од лекар во затворската амбуланта во Шутка. Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вонредниот надзор констатирал дека Бојан Јовановски за 4 месеци  побарал дури 25 пати лекарска помош во амбулантата во Истражниот затвор Скопје. Инспекторите од ДСЗИ не констатирале недостатоци во работата на затворските лекари.

- При што се издавани специјалистички  и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи). При тоа упатите се давани со предходно медицинско  известување до надлежниот суд  за добивање  на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

По обвинувањата од адвокатот на Боки – 13 дека здравствената состојба му е влошена и не добива соодветен третман, паралелно со здравствените инспектори вчера во затвотот во Шутка увид изврши и тим на Народниот правобранител.

-Констатирано е дека сместувањето и третманот во притворското одделение  спрема лицето Б.Ј. се на задоволително ниво, односно дека затворот ги почитува пропишаните процедури за третман на лице кое е во притвор, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Од таму најавија дека ќе проверат и на Гастро дали се испочитувани протоколите согласно медицина базирана на докази. Од Клиниката вчера го демантираа адвокатот и соопштија дека Бојан Јовановски во понеделникот не се појавил на закажаниот термин за подготовка за колоноскопија. 

Според информации на Сител наредниот детален здравствен преглед на Боки 13-ка деновиве ќе му биде направен во ГОБ 8 септември.