Македонија
20. November 2021 - 20:21

За брзо возење санкционирани 68 возачи на автопатот Велес – Скопје – Куманово

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје - Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 68 возачи.

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.