Балкан
20. April 2016 - 11:43

За 10 месеци турските сили ликвидирале над 3.700 членови на ПКК

Над 3.700 припадници на Курдската работничка партија (ПКК) се убиени за време на антитерористичките операции на турските сили за безбедност во југоисточна Турција од јули 2015 година, покажуваат податоците од турската армија. 

Во извештаите на полициските органи е посочено дека при ови акции досега „биле неутрализирани вкупно 5.629 терористи“. Од нив, 3.765 биле убиени, а 604 се ранети. 

Уапсени се и 664 лица, а 596 припадници на ПКК се предале самите. 

Во извештаите се наведува дека од крајот на јуни 2015 година, па досега, при операциите против ПКК и младинскиот огранок на групата, биле уапсени 11.331 лица. 

При судирите со курдските борци во југоисточна Анадолија загинале над 400 припадници на турските безбедосни сили.

Според официјалните информации, од 7 јуни 2015 година до 17 април 2016 година, терористите убиле 240 војници, 157 полицајци и деветмина стражари.