Свет
28. February 2017 - 13:51

Вулканот Етна повторно еруптира

Вулканот Етна на островот Сицилија синоќа повторно еруптираше, соопшти италијанскиот Институт за геофизија и вулканологија, јави ДПА. 

Воздушниот сообраќај на соседниот аеродром во градот Катаниа не беше запрен. 

Ерупцијата не претставува закана за локалните жители. 

За последен пат вулканот Етна еруптираше во 2009 година.