Loading Video...
Ракомет
4. јуни 2021 - 18:03

Вујовиќ официјално нов тренер на РК Вардар

Веселин Вујовиќ и официјално се враќа на тренерската позиција на РК Вардар. Само два дена по освојувањето на титулата, се обистинија најавите дека Веселин Вујовиќ во наредната сезона ќе го предводи Вардар. 
 
Црнохгорецот кој доаѓа на местото на Стевче Алушовски, а ќе добие и седум нови имиња во ростерот за следната сезона.
 
Вујовиќ по третпат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар, откако за првпат ги предводеше црвено-црните од 2006 до 2009, а потоа уште две сезони беше тренер на Вардар од 2011 до 2013 година.