Вучиќ во Белград организира голем митинг за „Иднината на Србија“

Во Белград денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи завршниот митинг на српскиот претседател Александар Вучиќ во рамки на неговата кампања „Иднината на Србија.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, покрај Вучиќ, на митингот ќе говорат и претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Најавено е и обраќањето на пензионираниот потполковник Драгутин Димчевски, кој е преставен како „херој од борбите на Кошаре“ во 1999 година на Косово.
Како што е најавено, Вучиќ ќе ги повика граѓаните од цела Србија да се обединат околу сите важни прашања за државата и народот, бидејќи „единството борбата за српските интереси, особено во Косово и во целиот регион, е од суштинска важност“.
Владејачката Српска напредна партија (СНС) очекува пред српското Собрание, каде ќе се одржи митингот, да се соберат над 100.000 граѓани од цела Србија.
Медиумите пренесуваат дека централните белградски улици од синоќа се затворени за сообраќај, а поради бројните возила и автобуси граѓаните се замолени да бидат во Белград до 14 часот.
За утре во Белград е најавен и митинг на опозицијата и тоа на истото место и во истото време.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
