Вучиќ: Србија договорила набавка на 6,5 милиони вакцини, но не може сите да ги добие
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денес дека е лут и нервозен секогаш кога размислува за вакцинирањето, бидејќи Србија досега договорила набавка од околу 6,5 милиони вакцини, кои не може да ги добие во таа количина.
Вучиќ кажа дека некои богати земји зеле до шест пати повеќе вакцини отколку што имаат жители, како и дека сакале да ги вакцинираат „сите кучиња и мачиња“ и затоа другите земји не можат да ги вакцинираат своите граѓани.
-Но, нивниот план не успеа, затоа што се појавија некои мали земји, како што е Србија, која се снајде. Буквално се снајдоа. И кога ќе видите дека имаат шест пати повеќе дози од жители, ви се смачува од сè. Но, што да се прави – им се може. Што велат децата: „Така се во можност“, изјави Вучиќ и додаде дека и Србија ќе се обиде да „таа биде во можност“.
Тој ги потврди најавите на премиерката Ана Брнабиќ дека утре во Србија стиаат вкупно 40.000 вакцини Спутник V од Русија и најави дека попладнево ќе има нови разговори на „отворените и заштитени линии“ во кои ќе се обиде да набави нови дози на вакцини, додавајќи дека наскоро ќе пристигнат помеѓу 9.000 и 11.000 дози на вакцината на Фајзер, потоа во февруари уште 41.000 парчиња од истиот производител и дека ќе побара од Кина да испрати уште повеќе од своите вакцини.
Вучиќ кажа дека само вчера 53.000 лица примиле вакцина и дека на списокот на пријавени за вакцинација има повеќе од 700.000 граѓани.
Ново на Сител
-

Пленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена
-

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина
-

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
