Вучиќ: Нема да ги затвораме границите
Српсккиот премиер Александар Вучиќ во интервју за германскиот дневен весник „Ханделсблат“' повтори дека Србија нема да крева жица на своите граници, но и додаде дека не може да ја замисли ситуацијата во која тоа би го направила и Германија, бидејќи во бегалската криза, оцени тој, сите гледаат кон Германија.
-Сеедно е дали и Хрватска ќе крева жица на границата кон Србија, мојата Влада нема да крева жица на државните граници, исто така, ниту кон Бугарија, ниту кон Македонија, рече Вучиќ.
На прашањето дали бегалците ќе имаат влијание врз економското заздравување на Србија, која е централна земја на нивната балканска маршрута, Вучиќ одговори дека тој не гледа негативно влијание на бегалците врз српската економија и нагласи дека курсот на заздравување ќе оди натаму и дека на почетокот на ноември Европската Комисија ќе соопшти дека српскиот бруто домашен производ годинава е зголемен за 0,7 отсто.
Тој, исто така, нагласи дека во Србија не владее нервоза кон бегалците, како што наведе, каква што може да се забележи во регионот. При тоа, рече Вучиќ, двојно повеќе мигранти дошле во Србија, отколку на пример во Хрватска и Унгарија.
На прашањето дали се разочарал во некои земји, Вучиќ истакна дека сретнал многу политичари кои од бегалската криза сакале да профитираат и при тоа се претставувале како нагласено европски ориентирани.
Запрашан што очекува од ЕУ во оваа бегалска криза, Вучиќ рече дека германската канцеларка Ангела Меркел ја гледа како „вистински водечка личност во Европа“, дека им се воодушевува на Германија и на скандинавските земји, но дека „ја мрази позицијата на некои актери од нашиот регион“',каде „секој ден се плаче и жали“', затоа што толку многу мигранти доаѓаат на нивна територија во транзитот кон запад.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово