Балкан
18. December 2017 - 8:41

Вучиќ на средба со Путин во Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе отпатува во посета на Русија, каде треба да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.

Се очекува Путин и Вучиќ да разговараат за воената соработка, по неодамнешната испорака од Русија на шест борбени авиони МиГ-29 на Србија. како и за планираната набавка на ракетни системи Бук-2 и Панцир.

Според Танјуг, двајцата претседатели ќе разговараат и за економската соработка и изградбата на гасоводот „Турски поток“.