Вучиќ: Ќе ни предложат да го признаеме Косово, за да не дојде до создавање на Голема Албанија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени денеска дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Косово „несомнено“ ќе победат силите што се залагаат за голема Албанија што странците потоа ќе го искористат за да извршат притисок врз Србија за признавање на независноста на Косово.
Вучиќ оцени дека Србија во секоја смисла ја чека „многу тешка пролет, тешко лето и тешка есен“.
-На овие избори (во Косово) сигурно ќе победат силите што инсистираат на обединување со Албанија. Така рече Рамуш Харадинај, тој е опасен човек кој очекува на Албин Курти да му треба една албанска партија за коалиција и се залага да биде таму и подоцна да биде избран за претседател на Косово. Тогаш тие би ја имале таа коалиција за голема Албанија, оцени Вучиќ за ТВ Прва.
Тој додаде дека после тоа странците ќе и ја изнесат на Србија идејата за признавање на независноста на Косово како компромисно решение заради спречување на формирањето на Голема Албанија.
-Затоа е важно да се обидеме да ја зачуваме силата на Српската листа (на Косово), но и да се подготвиме за тешки притисоци, кажа Вучиќ.
Српскиот претседател изјави дека аферата со прислушувањето на неговите разговори и членовите на семејството била „многу болна во лична смисла“, но додаде дека е горд „на фактот“ што нема што да се извлече од тие разговори.
Тој повтори дека нема да зборува за таа афера, но ги повика оние кои како што изјави, мислеле да го уценуваат, да ги објават прислушуваните разговори.
Коментирајќи го барањето на дел од опозицијата да се формира министерство за избори, Вучиќ изјави дека „нема да има никакво министерство за избори“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација