Вучиќ: Ќе имаме проблеми, но Приштина нема да има контрола врз Србите
Сакаме сериозен дијалог со Албанците, но тие треба да знаат дека сакаме да ги почитуваме интересите на косовските Срби, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со резултатот од вчера одржаните предвремени парламентарни избори во Косово.
- Таканаречената „воена“ коалиција или „коалиција на ветераните“, која го освои мнозинството на изборите во Косово, е таа група која најдиректно ги заплашуваше Србите и тоа ќе ни создаде многу проблеми, истакна Вучиќ.
Тој нагласи дека коалицијата во Приштина сега има против себе единствен блок на српски политички претставници, кои ќе ги штитат интересите на Србите и на Србија во Косово.
Според него, „од клучно значење е што Албанците не успејаа да го постигнат кај Србите тоа што го сакаа тие и некои други однадвор, а тоа е да имаат еден вид контрола врз српските пратеници при донесување одлуки во Косово.
- Резултатите од изборите ќе ни донесат многу проблеми, но ќе се бориме за стабилност и ќе го продолжиме дијалогот, бидејќи така ќе го зачуваме мирот, додаде српскиот претседател.
Коалицијата ПАН, составена од Демократската партија на Косово (ПДК) на Кадри Весели, чиј поранешен лидер е косовскиот претседател Хашим Тачи, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Иницијатвата за Косово на Фатмир Лимај, победи на вчерашните косовски предвремени парламентарни избори.
Оваа изборна коалиција доби 34,6 отсто од гласовите, пред Движењето „Самоопределување“ со 26,2 проценти, додека коалицијата на Демократски сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Иса Мустафа и Алијансата за Ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли е трата со 25,8 отсто. Српската листа (СЛ) освои околу 4 проценти од гласовите, додека сите останатите партии вкупно 9,5 отсто.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.