Вучиќ, Алиев и Радев утре ќе го означат почетокот на работата на интерконекторот Србија - Бугарија
Претседателите на Србија, Азербејџан и Бугарија, Александар Вучиќ, Илхам Алиев и Румен Радев и амбасадорот на ЕУ во Србија Емануел Жофре, утре во Трупале крај Ниш на свеченост ќе го означат почетокот на работата на гасниот интерконектор Србија - Бугарија, јави дописникот на МИА од Белград.
За време на престојот во Ниш, предвидени се одделни билатерални средби на претседателот Вучиќ со претседателите на Република Азербејџан и на Република Бугарија, соопштија од Службата за соработка со медиумите на претседателот.
Предвидена е и презентација на опремата и можностите на единиците на Вооружените сили на Србија, на системите за противвоздушна одбрана против дронови, на беспилотни летала и управувани воздушни и копнени борбени платформи, како и можностите на падобранските и специјалните единици, се додава во соопштението.
Завршувањето на работите на гасоводот кон Бугарија ќе овозможи побезбедно и постабилно снабдување со гас за Србија од различни извори, особено од Азербејџан.
Изградбата на новиот гасовод во должина од 109 километри од Ниш до Димитровград траеше 12 месеци. Вкупната должина на двонасочниот гасовод Србија - Бугарија е 170 километри, од Нови Искар, кај Софија, до Ниш.
Србија потпиша договор за интерконекција со Булгартрансгас и комерцијален договор за снабдување до 400 милиони кубни метри гас од Азербејџан до крајот на 2024 година.
Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш - Димитровград - Бугарија е 85,5 милиони евра. Проектот е делумно финансиран преку грантови од ЕУ, во износ од 49,6 милиони евра, како и поволен заем од 25 милиони евра од Европската инвестициска банка, кој Србија ќе го плати за делот од гасоводот што минува низ Србија.
За овој проект Република Србија издвои 15 милиони евра и 7,5 милиони евра за подготвителни работи и проектирање.
Гасот сочинува 13 отсто од потрошувачката на примарна енергија во Србија и досега можеше да се добие само од две влезни точки, преку гасоводот Балкански тек и од Унгарија.
Ново на Сител
-
Во амбасадата во Пекинг одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“
-
Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови
-
Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски
-
Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената
-
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани