Фудбал
28. October 2015 - 9:35

Второлигаш му одржа лекција на премиерлигашкиот лидер

Фудбалерите на Арсенал и на Челзи го завршија своето учество во англискиот Лига куп, откако се елиминирани во осминафиналето.
 
Шефилд Венздеј  Арсенал му одржа фудбалска лекција на ко-лидерот во Премиер лигата „торпедирајќи“ го со 3:0, а покрај поразот и елиминацијата дополнителни главоболки за менаџерот Арсен Венгер му донесоа повредите на Волкот и Окслејд-Чембрлен кои играта ја напуштија во првите 15 минути од натпреварот.
 
На пенали меѓу осумте најдобри во Лига купот се проби Евертон. ’Карамелите’ го елиминираа Норич со 4:3, во регуларниот дел и во продолженијата резултатот беше 1:1.
 
По 120 минути игра 1:1 беше резултатот и на мечот Хал-Лестер, а по изведувањето на пенали славеше Хал со 5:3.   
 
Во среда ќе се одиграат преостанатите четири натпревари од осминафиналето: Ливерпул-Борнмут, Манчестер Сити-Кристал Палас, Саутемптон-Астон Вила, Манчестер Јунајтед-Мидлзбро.