Втора презентација на ревидираната Студија за валоризација на Водно
Во Советот на Град Скопје денеска ќе биде одржана втората презентација на ревидираната Студија за валоризација на Водно.
Студијата претставува обемен документ во кој се вбројани сите аспекти за валоризација на заштитетното подрачје Парк-шума „Водно“.
Студијата првпат беше беше презентирана пред претставници на стручната и научната јавност, невладините организации, медиумите и заинтересираните граѓани, во август годинава.
Со документот, кој е ревизија на постојната студија за валоризација на природните вредности на парк-шумата Водно од 2009 година, се препорачува формирање две советодавни тела: совет на засегнати страни и научен совет.
Фокусот е насочен кон зачувување на природата и заштитата од пожари. Главниот акцент е даден на идентификацијата и валоризацијата на важните екосистеми и живеалишта, како и на поединечните видови растенија, габи и животни и нивната застапеност на меѓународните листи за заштита на биодиверзитетот.
Оваа студија е најсеопфатен документ што е изработен досега за Водно.
Ново на Сител
-
Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп
-
Бројот на жртви по превртувањето на туристичкиот брод во Виетнам се искачи на 38
-
Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за ослободување на заложниците
-
Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати
-
Сончево и топло, со температура до 39 степени
-
Состојба на патиштата
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати