Loading Video...
Спорт плус
25. October 2020 - 15:19

Втора победа за Морбидели во Мото ГП

Фабио Морбидели е победник на 12.та трка во Мото ГП шампионат што се возеше во шпанскиот Арагон.
 
Италијанецот кој е член на тимот на Петронас Јамаха до својата втора победа сезонава, а воедно и втора во кариерата кога во прашање е настапот во „кралската класа“ стигна пред двајцата Шпанци од тимот на Сузуки, Алекс Ринс и Жоан Мир. 
 
Со новите бодови, Морбидели се приклучува во трката за шампионскиот трофеј, а во генералниот поредок е на четвртото место, со 25 бодови помалку од лидерот Мир, односно 11 од Французинот, Квартараро, додека трето пласираниот Виљалес денеска заврши на деветтата позиција. 
 
До крајот на шампионатот остануваат уште три трки, а следната е  8 ноември во Валенсија каде ќе се вози трката за Големата награда на Европа.