Ракомет
14. October 2017 - 18:10

Втора победа на Металург во ЛШ

 
 
Ракометарите на Металург ја забележаа втората победа во елитната Лига на шампиони. 
 
Македонскиот вице-првак попладнево на гостувањето во Русија, кај Чеховски Медведи се радуваше на триумф со 32-26 полувреме 15-15. 
 
До оваа победа тимот на Металург го предводеа Халил Јагањац со девет и Жарко Пешевски кој постигна шест гола, додека одличен на голот Мартин Томовски кој средбата ја заврши со десет одбрани.
 
Ова беше меч од 5.коло на Д групата во која денеска Бешикташ и Мотор Запорожје одиграа без победник 28-28, а утре ќе играат Спортинг – Монпеље. 
 
Табела: Монпеље 8 бодови, Моптор Запорожје 6, Бешикташ 5, Металург 5  и Спортинг 4 и Чеховски Медведи 0. 
 
Попладнево својот меч од оваа рунда ќе го одигра и македонскиот и актуелен европски првак Вардар кој пред својата публика во СЦ „Jане Сандански“ ја пречекува шпанската Барселона.