Спорт плус
5. May 2017 - 17:20

Втора финален меч во одбојкарскиот шампионат на Македонија

 
 
 Во одбојкарското првенство на Македонија вечерва ќе се одигра вториот натпревар од финалето. 
 
Во дуелот за шампионскиот трофеј одбојкарите на Стумица против екипата на Пробиштип имаат водоство од 1-0 во победи во серијата подовар до три триумфи. 
 
Потсетување дека струмичани во вторникот ја добија првата средба со максимални 3-0 во сетови, па вечерва во Пробиштип ќе играат порастеретено, но во секој случај ќе се обидат и да ја оправдаат улогата на фаворит. 
 
Екипата на Струмица веќе освои еден трофеј откако во финалето на националнио Куп на Македонија ја победи екипата на Лешок со 3-0. 
 
Вечерашниот фтор финален меч меѓу Пробиштип и Струмица ќе се игра во салата на СС „Софија Петровска“ во Пробиштип со почеток од 20 часот и 30 минути.