-->
-->
Втор случај на лепра во Грција
-->
– Во болницата во градот Патра, хоспитализирана е 65-годишна жена со лепра, објави грчката државна телевизија ЕРТ, а според медиумите, ова воедно е и втор случај на лепра во државата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според ЕРТ, жената која е по потекло од Албанија е изолирана во Клиниката за дерматологија, а во болницата се преземени сите неопходни мерки за спречување на ширењето на болеста.
Пред неколку дена, грчките медиуми објавија дека случај на лепра бил регистриран во атинска болница.
Професорот по микробиологија во конкретната болница Спирос Пурнарас, за грчките медиуми го потврди случајот и рече дека повремено постојат случаи, имало и во 2020 година и не е потребна загриженост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто