Македонија
16. October 2017 - 14:00

Втор круг гласање во Кавадарци и Неготино

Во Кавадарци и Неготино ќе се одржи втор круг од локалните избори. На вчерашното гласање кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ и коалицијата Бетиане Китев доби 11.482 гласа, а кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев 12.077 гласа. Независниот кандидат Борис Давидов, пак, освои 271, додека Верица Арсова од ТМРО 165 гласа. 

Во Кавадарци излегле 24.451 избирач, а регистрирана е излезност од 74,84 отсто. Советничката листа на ТМРО освои 705 гласа, на ГРОМ 1.707, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 9.146, а СДСМ и коалициските партнери 10.538 гласови. Независната листа на Ристо Сакалиев доби 1.481 глас.

Во Неготино, а гласање излегле 12.549 лица, а излезноста била 78,08 проценти. Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Златко Пенков освои 5.630, а кандидатот на СДСМ и коалицијата Тони Делков 6.455 гласа. Независниот кандидат Ѓорѓи Ајтов освои 135 гласа.

Групата избирачи на Сашо Николов освои 471 глас. Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби 5.287 гласа, а на СДСМ и коалициските партнери 6.349 гласови.