Македонија
29. January 2020 - 17:12

Втор ден јавна расправа за Законот за ЈО

Министерството за правда ќе прифати дел од забелешките што ги дадоа експертите на јавната расправа за законот за обвинителството по што ќе изработи нова верзија, потврди министерката Дескоска. Сепак, за неа не се прифатливи забелешките околу привилигираната позицијата на обвинителството за организиран криминал и корупција. Нив ги нарече естрадни. По вториот ден јавна расправа, Дескоска уверено вели дека власта е се поблиску до двотретинско мнозинство и дека нема да дозволи блокада од опозцијата во парламентот.

Од друга стана експертите и денеска имаа различни мислења. За професорите Климовски и Даштевски законот се коси дури и со Уставот.

Професорот Тупанчевски реагираше на начинот на кој се прави трансферот од СЈО во обивнителството на Рускоска.

Од невладината Цивил пак, реагираа дека зкаон мора да има.

По јавната расправа ќе се чекаат и забелешките на партиите, а потоа тој ќе влезе и во собраниска процедура.