Тенис
1. February 2016 - 11:13

ВТА: Второ место за Кербер

Сензационалната победничка на Австралија Опен во женска конкуренција, Анжелик Кербер, од понеделникот е втора на ВТА листата, веднаш зад Серена Вилијамс, против која славеше во финалето.
 
Германката во Мелбурн стигна до најголемата титула во кариерата, што и го донесе и најдобриот пласман на ВТА листата во нејзината кариера.
 
Кербер има 5.700 бодови, а прва е Вилијамс со речиси 4.500 бодови повеќе. Зад Кербер се Симона Халеп (5.545), Агњешка Радванска (5.210) и Габриње Мугуруса (4.991).
 
Топ 10 листата во женскиот тенис ја комплетираат Марија Шарапова, Флавија Пенета (која ја заврши кариерата), Карла Суарез Наваро, Петра Квитова и Луси Шафаржова.