Тенис
8. March 2017 - 11:11

ВТА: Серена повредена, Кербер нов лидер

Серена Вилијамс го откажа настапот на Индијан Велс  со што автоматски и го препушти првото место на ВТА листата на Анжелика Кербер. 

Американката е повредена па нема да може да го брани финалето од минатата година во калифорниската пустина. 
Кербер се враќа на врвот по само два месеци откако го загуби првото место по триумфот на Вилијамс во Мелбурн.