Балкан
3. February 2018 - 9:22

Вселенскиот патријарх Вартоломеј апелира на мир и воздржаност пред протестот за „Македонија“ во Атина

Важните и чувствителни прашања треба да се решаваат во мир со воздржаност и мудрост, апелира вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија и најавениот утрешен протест во Атина, кој е поддржан и од Грчката православна црква.

- Вселенската патријаршија, како мајка црква на сите православни цркви на Балканот, во врска со разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, апелира до сите засегнати страни на трезвеност и воздржаност со цел ова важно и чувствително прашање да се решава во мир и мудрост , стои во апелот на вселенскиот патријарх Вартоломеј.