Живот
27. December 2018 - 22:03

Врз дете (12) падна снежна лавина и сите мислеа дека е мртво: По 40 минути нешто продушкаа и продолжија да копаат

Дете на возраст од 12 години е пронајдено живо откако 40 минути било затрупано под снег откако лавина паднала врз него на Француските Алпи.

Детето, чие име не е објавено, скијало со семејството кога го погодила лавина.

По 40 минути под снегот со кој го затрупала лавината, детето го пронашле кучиња трагачи.

„Шансите за преживување по 15 минути под снег се минимални“, рече еден од спасителите.

Детето помина само со скршена нова и се наоѓа на лекување во локалната болница.