Македонија
11. July 2019 - 19:49

Врховен суд: Судиите секогаш се изземаат во постапки во кои постојат причини

Врховните судии за кои се водат постапки за разрешување, сами ќе одлучат дали ќе се изземат од процесот што треба да утврди според кој закон треба да се казнат.. Од Врховниот суд велат дека судиите самостојно оценуваат дали има законски пречки да постапуваат во конкретен предмет..

„Судиите се раководат од законски предвидените основи за изземање, вклучително и субјективниот тест, односно дали судијата смета дека постојат околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, а раководејќи се од законските основи за изземање“, велат од Врховен..

Антикорупциската комисија вчера ги предупреди деветмината врховни судии да не учествуваат во расправа за тоа кој Закон примени Судскиот совет при одредување на казната..

„Доколку судиите го прикријат постоењето на приватниот интерес и не постапат согласно Законот за спречување корупцијата што претставува повреда на должноста, согласно истиот закон, тоа е основа за покренување постапка за утврдување одговорност и изрекување на мерки“, велат од ДКСК.

Реакцијата на Антикорупциска доаѓа по најавата дека Врховен ќе разгледува иницијатива на двајца адвокати кои бараат примена на новиот закон за судови кој предвидува поблаги казни за судиите наместо разрешување.