Македонија
8. February 2023 - 8:15

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, прогнозира УХМР. 

Утринската температурата ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе искачи до 7 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи до минус 6, а дневната до 3 степени.