Македонија
12. October 2015 - 8:33

Времето денеска ќе биде променливо облачно со температура до 23 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд во северните делови од земјата.

Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северозападен ветер. Утринската темепратура ќе биде од 10 до 16 степени Целзиусови, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 20 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде претежно стабилно и суво, со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде без значителна промена.