Времето денес ќе биде сончево и топло до 35 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени.
До недела ќе се задржи натпросечно топло време, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, во сабота со можна појава на град. Од понеделник времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата ќе биде во опаѓање.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет