Вработени во РТС поднесоа петиција а РЕМ до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите
Вработени во РТС (членови на групата „Наш пРоТеСт“) утрово до српскиот Парламент предадоа петиција за нов јавен повик за номинирање нови членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми. Петицијата е потпишана од повеќе од 23.000 луѓе, како онлајн така и во писмена форма.
Марија Миладиновиќ Лисов, новинарка од Информативната програма, за Н1 изјави дека петицијата е придонес на вработени и новинари на РТС за што поскоро да им се одблокира медиумот.
„Нашата куќа моментално е блокирана од НЛ (НЛ- Непознато лице) уредник кој шири говор на омраза од непозната адреса во вестите, јас не го велам тоа, сите новинарски здруженија го велат тоа. Споредувањето на студентите со нацисти, приказните дека областа околу РТС е гето, е флагрантна форма на говор на омраза“, истакна Миладиновиќ Лисов.
„Да се престане со жмиркање и негледање на она што сите го гледаат. Без слободно новинарство, нема напредок во ниту еден сегмент од општеството“, изјави таа.
Попладнево во 15 часот е закажана седница на собранискиот Одбор за култура и информации, на чиј дневен ред е објавување нов повик за избор на членови на Регулаторното тело за електронски медиуми. Тоа е во согласност со барањето на студентите кои ја блокираат работата на РТС.
Ново на Сител
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин