Свет
2. July 2017 - 10:31

Вработени во ФБИ му изразија поддршка на поранешниот директор Џејмс Коми

 Неколкумина вработени во американското Федерално истражно биро (ФБИ) во знак на подршка за поранешниот директор Џејмс Коми носеа маици  со натписот „Comey Is My Homey" (Коми е мој другар).

Како што наведува сајтот „Политико“, во ФБИ во петокот беше организиран семеен ден во текот на кој членовите на нивните семејства имаа можност да го посетат седиштето на Бирото.

Најмалку 10 вработени се одлучија на овој ден да му пружат поддршка на сменетиот директор Џејмс Коми, носејќи маици со натписот „Comey Is My Homey".

Како што се наведува, тоа е уште еден доказ дека тврдењето на Белата куќа за тоа дека Коми ја загубил довербата кај вработените во ФБИ немаат никаква точност.

Во сослушувањето пред Сенатот, по неговата смена, Коми изјави дека бил збунет кога Трамп го сменил и дека претседателот ги менувал своите објаснувања за причината што го навела на таквиот чекор.