Свет
5. July 2019 - 22:35

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен потпретседател на фудбалскиот клуб Блуминг

Потпретседателот на боливискиот фудбалски клуб Блуминг, Нелсон Муриел Алварез, беше убиен во градот Санта Круз.

Заедно со него бил и клубскиот раководител кој пак добил четири прострелни рани од куршуми во пределот на ногата и рацете. Причините не се познати.

Двајца мажи се водат како осомничени за убиството на Муриел Алварез, а еден од нив веќе е уапсен, при обид за бегството.

Екипата на Блуминг е петкратен шампион на Боливија тим кој учествувал во натпреварувања како што се „Копа Либертадорес“ и „Копа Судамерикана“.