Бизарно но вистинито
16. November 2016 - 13:40

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Толпа му пресуди на педофил кој силувал и убил четиригодишно девојче

Неодамна на интернет се појави ужасна снимка која го покажува јавниот линч врз човек обвинет за силување и убиство на четиригодишно девојче.

Педофилот бил уапсен во северниот дел на Боливија, откако претходно неделава полицијата го пронашла телото на девојче кое било пријавено како исчезнато.

Локалните жители, бесни и згрозени од убиството, решиле да не чекаат судење и сами да му пресудат на злосторникот.

Толпата влезе во полициската станица, ја проби вратата од ќелијата и го грабна осомничениот.

Потоа, насобраните луѓе почнаа жестоко да го удираат педофилот, по што го извлекоа на улица.

Таму се случи и егзекуцијата, односно бесењето.

Полицајците, кои беа во многу помал број од насобраните луѓе, само немоќно гледале како тие ја спроведуваат својата правда.

Инаку, девојчето кое било силувано и убиено не било локален жител, туку заедно со своите родители дошло да присуствува на погребот на својата баба.