Балкан
14. October 2019 - 14:29

Вознемирувачко: Го прегазија со автомобил, па брутално го претепаа со шипки

На видеото се гледа како автомобил во движење прегазува човек пред една пекара, а потоа излегува човек од автомобилот и почнува да го тепа прегазениот со цврст предмет.

Овој инцидент следи по претходна тепачка која се случила два часа по полноќ во едно локално кафуле каде е повредено 24 годишно момче, а еден час подоцна, момчето и неговиот татко седнале во автомобил и еден од напаѓачите го пресретнале пред пекарата. Тие го прегазиле со автомобилот, а потоа и двајцата тргнале да го тепаат прегазениот човек.

Моментот на нападот е после втората минута во видеото, предупредуваме дека содржината е вознемирувачка.