-->
-->
Возете велосипед до работа за помал ризик од срцеви болести и рак
-->
Истражувањето кое вклучувало 250 илјади луѓе утврдило поврзаност на редовното возење со велосипед и речиси половина помалиот ризик од срцеви заболувања или развивање на рак.
Петгодишната студија исто така покажала и дека шетањето до работното место има предност во однос на возењето со возило. Истражувачите од Глазгов заклучиле дека поголемиот дел од луѓето навикнале да се возат со велосипед по одредено време и дека возењето до работното место не им претставувала никаков проблем.
Од вкупниот број учесници, 2.430 во текот на петгодишниот период починале, кај 3.748 е дијагностициран некаков облик на рак, а 1.110 имале некој облик на срцево заболување. Исто така, во текот на истражувањето, редовната вежба со возење на велосипед го намалила ризикот од смртни болести за 41 процент, можноста за развивање на рак за 45 проценти, а срцеви заболувања за 46 проценти.
Заклучоците од студијата ќе бидат и понатаму анализирани, а статистичките податоци ќе бидат прилагодени за да се отстранат други работи кои би можеле да влијаат на точните резултат, како што се пушењето, посебните диети и телесната тежина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево