-->
-->
Возел со 204 км/ч на автопатот Куманово - Скопје - Велес
-->
Вчера (19.06.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи.
Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев
-
Кумановец со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек
-
Три лица се приведени за управување на возило под дејство на алкохол
-
Израел ги проширува операциите во централна Газа