Живот
3. September 2019 - 15:23

Возач на ламборџини фрли ѓубре низ прозорец: Поради потегот на велосипедистот брзо ја научи лекцијата

Еден велосипедист одлучи да го казни невоспитаниот возач на „ламборџини“.Jedan biciklista je odlučio da kazni bahatost vozača "lamborginija".

Како што може да се види на снимката, возачот на луксузниот автомобил низ прозорец фрлил пластична амбалажа.

Тогаш наишол велосипедистот, го собрал ѓубрето од земја и му го фрли назад во „ламборџинито“ низ прозорецот.

Со тоа го научи возачот на една многу важна лекција која ќе му користи во животот, а од друга страна на Твитер се поведе полемика - Дали е оправдан чинот на велосипедистот?

Еден твитерџија смета дека ваквото прашање е непотребно.

„Момчето на велосипедист го направи она што сите мораме да го направиме“, напиша тој.

Имаше и такви што сметаа дека постапката на возачот е „болест која е смртоносна“.

Некои велосипедистот го нарекоа и „херој“.