Свет
28. December 2017 - 18:47

Воз евакуиран во Холандија поради добиена закана

Холандската полиција денеска ги евакуираше патниците од воз кој сообраќал на релација Амстердам- Берлин, поради добиено „заканувачко писмо“. 

Полицијата евакуирала 85 патници од возот и ги сместила во болница, пред да им дозволи да го продолжат патот со автобуси.

Очевидци изјавија дека полицајци воспоставиле кордон околу возот, а користеле и полициски кучиња во потрагата по изворот на заканата.