Македонија
13. January 2016 - 12:49

Воведена забрана за камиони на патот Охрид - Ресен

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид - Ресен, преку планинскиот премин Буково.

Како што информира Автомото сојузот на Македонија, укинати се забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово - Дебар, кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег.