Македонија
4. October 2019 - 16:55

Воспитувачка и дете заразени со мрса во скопска градинка

Мрса откриена во градинка во Кисела Вода. Бактеријата која е отпорна на антибиотици прво била дијагностицирана кај воспитувачка која пријавила кај надлежните во градинката. Вчера инфекцијата е регистриана и кај дете кое е згрижено во установата. Од градинката случаите ги пријавиле во скопскиот центар за јавно здравје а вработената и детето се изолирани во домашни услови.

Епидемиолозите велат дека нема простор за паника. Во понеделник од Центарот за јавно здравје ќе прават дезинфекција во објектот како превентивна мерка.

-оваа е МРСА во заедница и не е опасна за лица со нормален имунитет, не е ова болничката МРСА, односно хоспитална инфекција. Од градинката пријавија, ние ќе направиме дезинфекција. И восдпитувачката и детето немаат симптоми, не се болни а и не биле во иста група, вели др. Билјана Даниловска, ЦЈЗ Скопје.

Детето и воспитувачката не биле во иста група во градинката. Епидемиолозите уверуваат дека состојбата е под контрола и нема потреба од вознемиреност кај родителите.

 Во февруари годинава имаше неколку случаи на МРСА во градинка и училиште во Чаир и Бутел.