-->
-->
Воопшто не биле свесни со што си играле нивните деца додека тие уживале на плажа
-->
Семејството Гравел од Велс уживало во семејното дружење на плажата. Во еден момент, тие забележале пловка, а децата тргнале да си играат околу неа, не претпоставувајќи за што се работи всушност.
Гарет Гравел правел пикник на плажата со сопругата и двете деца од шест и четири години. Децата биле воодушевени од школките на металната пловка.
"Мојот син дури и ги фаќаше школките и удираше по она што претпоставувавме дека е пловка. Потоа се фотографиравме и тоа е тоа", изјавил Герет.
Сепак, пет дена подоцна, било откриено дека тоа воопшто не е пловка, а дека станува збор за заостаната бомба од американската војска од Втората светска војна. Ним оваа вест им ја јавиле пријателите кои ги виделе нивните фотографии од тој ден на плажата.
"Бевме во шок кога дознавме. Во иднина ќе бидеме многу попретпазливи со работите на кои случајно наидуваме", вели Герет, кој со своето семејство отишол да ја гледа детонацијата на оваа бомба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство