-->
-->
Вонредна временска прогноза: Доаѓа невреме во цела Македонија
-->
Под влијание на влажен воздушен бран од запад, денеска, почнувајќи од вечерните часови, до утре на пладне, ќе има врнежи од дожд, кои во западните и северните делови повремено ќе имаат умерен интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
- Пообилни врнежи ќе има во ноќните и во утринските часови, а локално ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен. На највисоките планински врвови во северозападните делови ќе има и врнежи од снег, се наведува во вонредната временска прогноза на УХМР.
Утре дневната температура ќе се движи од 10 до 17 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и сабота.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата