Македонија
31. May 2018 - 22:09

Вонредна временска прогноза: Доаѓа невреме кон Македонија

Во текот на денешниот четврточен ден времето во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер претежно од северен правец.

Во попладневните часови особено во планинските предели како и на оние населени места кој се во близина на планините и тоа особено на запад ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално не се исклучува можноста и за нешто поинтензивни атмосферски процеси проследени со електрични празнења и услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Понатаму услови за локално НЕВРЕМЕ ќе има и за време на викендот кој доаѓа како и на почетокот од следната недела.