Македонија
26. February 2016 - 11:45

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Доаѓа силно невреме

Под влијание на изразено јужно струење во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе дува засилен југоисточен ветер.

Во недела брзината на ветерот повремено ќе достигнува и до 70 км/час, а во понеделник на моменти ќе надминува и 90 км/час.

Поизразен ветерот ќе биде долж Повардарите и во источните делови од земјава.