Фудбал
1. September 2018 - 18:12

Волфсбург на лидерското место во Бундес лигата

Фудбалерите на Волфсбург одиграа маестрален натпревар во Леверкузен каде го совладаа домашниот Баер со 3-1 и се искачија на врвот во Бундес лигата по две одиграни кола. 

Победа во гости однесе и Вердер со 2-1 кај Ајнтрахт во Франкфурт додека од домашните тимови славеше Хофенхајм во дуелот со Фрајбург 3-1. 
Нерешено завршија дуелите Аугсбург - Борусија (М) и Нирнберг - Мајнц.