Свет
15. April 2018 - 10:29

Војник од силите на ОН и 10 француски војници ранети во џихадистички напад во Мали

Војник од сили на ОН во Мали е убиен и 10 француски војници се ранети во џиахадистички напад врз аеродромот во Тимбукту, соопшти Министерството за безбедност и цивилна заштита на таа африканска држава.

– На 14 април беше извршен терористички напад врз база на Бахран и Минусма на аеродромот во Тимбукту, соопшти министерството.

Терористите носеле сини шлемови и се обиделе да влезат во базата со две возила со експлозиви. Отвориле оган со рачни фрлачи, и активирале експлозив во едно од возилата. Петмина од ранетите се во тешка состојба.