-->
-->
Војдан Стојановски: Ова е голема победа за нас
-->
Македонската кошаркарска репрезентација вчера со победа над Словачка со 74:66 ги стартуваше претквалификациите за Еуробаскет 2021 година. Меѓу најдобрите на теренот беше капитенот на нашата репрезентација Војдан Стојановски, особено во вториот период кога со неколку соло акции го полнеше кошот на ривалот.
- Ова е важна и голема победа за нас, одигравме одличен натпревар, особено во одбраната. Во второто полувреме ние пропуштивме некои отворени шутеви, но сепак на крајот успеавме да победиме. Тоа е важно за нас, истакна капитенот Војдан Стојановски кој беше втор поентер на овој натпревар со 20 поени и шест асистенции, додека најпрецизен беше Ричард Хедрикс со 21 поен.
Во недела нашата репрезентација ќе ја пречека Швајцарија во Скопје. Натпреварот ќе се одигра во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 45 минути. Влезот е бесплатен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација