Воена состојба во Сао Паоло, армијата на улиците
Бразилската влада и издаде наредба на војската да ги отстрани блокадите на автопатите, кои беа поставени од возачите на камиони, кои штрајкуваат поради превисоките цени на горивото, соопшти владиниот претставник.
Претседателот на Бразил Мишел Темер одлучи да им даде овластување на војската и полицијата да ги отстранат блокадите по состанокот со министрите во главниот град на Бразил, информира неименуван официјален претставник.
Претседателот Темер рече дека бразилската влада ќе има храброст да го заштити населението од протестите, а на возачите на камиони им порача дека ќе бидат одговорни за штетата која и ја прават на државата.
Ова е петти ден од протестот на камионџиите, кој парализираше поголем дел од Сао Паоло, а вонредна состојба е прогласена поради недостаток на гориво, според Ројтерс.
Преговарачите на незадоволните камионџии во четвртокот се согласија да го прекинат протестот, откако владата вети дека ќе ја стабилизира цената на дизелот.
Штрајкот на возачите на камиони продолжува и покрај договорот со владата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација